Macedonia, Skopje
АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
June 30, 2020Job Description
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент, реномирана интернационална ревизорска куќа, бараме:
АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Опис на работната позиција
- Изработка на нацрт финансиски извештаи согласно МСС и МСФИ, и нивна споредба со годишна сметка и годишен извештај од работењето
- Анализа на главна книга и бруто биланс, и споредба со финансиски извештаи
- Прегледува материјална и финансиска документација со изработка на работни документи
- Анализа, контрола и евиденција на обврски и побарувања на друштвото,
- Следење на трансакциите на компанијата и работи на назначени проекти,
- Дефинирање, пресметување, начин на толкување и значење на соодветни финансиски показатели за спроведување на финансиска анализа;
- Изработка и анализа на паричен тек,
- Изготвува пресметка на финансиски показатели,
- Изработува конфирмации и работен преглед на побарувања и обврски
- Пополнува анкетни листови од програмата за финансиски извештаи
- Извршува други работи под надзор на овластениот ревизор
- Ги следи и проучува прописите од областа на финансиско-сметководственото работење
- Посетува обуки од делокругот на своето работење
- Врши и други работи во согласност со своите компетенции и потребите на Друштвото
Квалификации
- Висока стручна спрема – ВСС, со предност од областа на финансиите (финансиски менаџмент, сметководство и ревизија сл.),
- Познавање МСС и МСФИ (меѓународни стандарди за финансиско известување);
- Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Одлично познавање деловен англиски јазик;
- Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансиите, со предност како финансиски аналитичар;
- Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим .
Понуда/Плата : Компетитивна
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 071 370 151 (Понеделник-Петок) или испратете email на rabota@theheadhunter.com до 30 Јуни 2020.
Пробајте го Head Hunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате.
Apply for this position
Please fill all the required fields,
so we can get back to you, Thank you for your interest.