Macedonia, Probistip
Стручен Соработник за Набавки – Пробиштип
February 5, 2021Job Description
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент, реномирана фабрика за производство на широк спектар на батерии и акумулатори, бараме:
Стручен Соработник за Набавки – Пробиштип
Опис на работното место:
- Ја следи или организира работата за набавка на специфични производи;
- Го следи редослед и постапка за набавка на производи, критериуми и норми за плаќање при набавка, ги следи и се согласува со налозите за плачење на добавувачите;
- Го следи статусот (залихите) на магацинскиот попис на целиот асортиман на производи;
- Ја следи набавната политика (фреквенција на нарачки, цел, големина, време на испорака, оптимална залиха во магацинот) земајќи ги предвид промените и сезонските варијации и другите потребни фактори;
- Врши редовна анализа на статистичките податоци во врска со набавката на групата производи и одделни материјали набавени од Службата и предлага корекции и измени на политиката за набавки врз основа на резултатите од оваа анализа;
- Дава предлози на одговорните во Службата за набавка на одредени стоки;
- Контролира и обезбедува подготовка за склучување договори со производители и добавувачи, преговара за условите и рокот за испорака;
- Преговара и обезбедува најисплатливи и поволни услови за плаќање;
- Ги следи побарувањата од производителите и добавувачите за исполнување на договорните обврски на Друштвото, ги следи договорите и преговара со нив за промени во условите на договорите за соработка;
- Постојано подготвува алтернативи за помалку скапи и попрофитабилни набавки;
- Обезбедува соодветна евиденција, одржување и чување на документацијата во својата служба (бази на податоци, договори, овластувања и сл.);
- Одржува добри работни односи во рамките на внатрешниот работен тим;
- Обезбедува режим за заштита на деловните тајни од страна на вработените во Службата;
- Спроведување на релевантните процеси на системот за управување со квалитетот (QM) на организацијата;
- Обезбедување и следење на валидноста на соодветните дозволи за увоз и извоз на материјали, комуникација со релевантни институции (во врска со добивање и продолжување на дозволата за увоз и извоз на суровини и секундарни суровини, транспорт на опасни материјали …);
- Решавање на жалби со Добавувачи.
- Почитување на правилата за правилна селекција на отпад
- Почитување на сите внатрешни акти
- Почитување на барањата за заштитата на животната средина
- И други задачи дадени од претпоставениот кои се во согласност со законските прописи.
Квалификации:
- Високо образование, Економски факултет;
- Релевантно работно искуство на слични или исти позиции минимум 4 години;
- Одлично познавање на Англиски Јазик ( поседување меѓународен сертификат C1 / C2 за англиски јазик)
- Познавање на втор странски јазик
- Одлично познавање на работа со компјутери и MS Office;
- Добро познавање на релевантни закони и професионални стандарди, вклучително и постапки за добивање дозволи за увоз на материјали;
- Одлични вештини за комуникација и презентација;
- Способност за работа во тим, управување со луѓе и процеси;
- Фокус на резултати;
- Одлична деловна култура, динамика, самоиницијатива;
- Одговорност за изведба на планираните работи;
- Одговорност за чување на личните податоци и деловни тајни, како и угледот на компанијата.
Понуда/Плата: Компетитивна
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или испратете email на rabota@theheadhunter.com
Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате
Apply for this position
Please fill all the required fields,
so we can get back to you, Thank you for your interest.